Дали некогаш сте биле во село Спанчево?

Улиците широки, надолнина па угорнина, мислиш се по иста се движиш, куќите, зависно од креативноста и меракот на домаќините, од прекрасни до стихијни, во дворовите тракторите и комбајните им држат сенка на убавите автомобили, а кравите и свинчињата задолжени за добре дојде, согласно некогашната традиционална градба – напред шталите и стопанските дворови, а таму некаде назад- домот за газдите. spancevo_svincinja kuka4 spancevo_pat Млади и возрасни, мажи и жени со ист „манир“ кога се поздравуваат прво ја чистат раката оти сите нешто работат. Да ти е мерак да си направиш муабет, онака домаќински, за готвење, за децата, за земјоделски работи, за кравите, за оризот, за мерки за кои аплицирале во МЗШВ, за селото, за минатото, сегашноста и иднината. traktor spancevo_luge Минатото го знаеме, тоа е најмногу е заслужно за ситуацијата во која се наоѓаат , за изгубените години кои можеле ова парче земја да го направат рај за очи, убавина за живеење… Сегашноста е очигледна, а иднината е она што ме интересира и на што работиме, не само за Спанчево и не само за овој регион. spancevo_staro Рурален развој, ЕУ фондови, инфраструктура, култура, едукација, информираност…ЗАЕДНО НАПРЕД! spancevo_ubava Фејсбук статус на Ленче Николовска    ]]>

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести