Дали сте чуле за најсмртоносното езеро во светот?

Ниос мало вулканско езеро во Камерун важи за најсмртоносното езеро во светот од 1986 година, кога усмртило повеќе од 1.700 луѓе и над 3.500 животни. Со децении кружеа митови и легенди за ова езеро старо 400 години, кои беа потврдени за време на оваа природна катастрофа.

Пред да се случи ерупцијата земјоделците кои живееле во негова близина слушнале силен гром среде ноќ, по што езерото со силни млазови се испуштил јаглерод диоксид и се формирал облак за кој се проценува дека бил од 300 илјади до 1,6 милиони тони и кој се ширел со брзина од околу сто километри на час. Слушајќи го ова луѓето истрчале надвор да видат за што станува збор, подоцна биле пронајдени задушени по улици со крв по лицата а додека останатите починале во сон. Кога се расчистил облакот биле откриени само четворица кои успеале да ја преживеат оваа трагедија и кои се рзбудиле дури по 36 часа.

Долгиот период на акумулирање на јаглерод диоксид бил причина за оваа огромна трагедија, кој стигнал до површинскиот слој и предизвикал ерупција. На ова секако влијание имале и обилните дождови пред оваа катастрофа. За да не се повтори ова, во езерото биле поставени цевки кои служат за извлекување на јаглерод диоксид од дното.

Опасноста сеуште е присутна, бидејќи се верува дека природниот ѕид на езерото со текот на времето ослабнува. Доволно е само еден земјотрес да се сруши кратерот, а повторно испуштање на гас би можело да усмрти околу 5000 луѓе.

Најчитани вести