Дејан Давидовски осомничен за настаните во Собранието од 27 април и баран со меѓународна потерница се врати дома: Се предал на ГП „Деве Баир“

По седум години во бегство, на граничниот премин „Деве Баир” на влез во Македонија од Бугарија на македонските власти се предаде Дејан Давидовски-Дешо, потврдија за МИА

Тој бил баран по меѓународна потерница од страна на МВР за упадот во собранието или во народот познат како случај „27 април“. Осомничен е за злосторничко здружување и загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Давидовски пред пет години беше уапсен во Шведска, но Врховниот суд на земјата го одби барањето на Македонија за екстрадиција.

Медиумите објавуваат дека Дејан Давидовски-Дешо, кој беше баран со меѓународна потерница за настаните во Собранието од 27 април, по седум години во бегство, на ГП „Деве Баир” на влез во РСМ од Бугарија се предал на македонските власти.

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести