Британскиот весник „Дејли стар“ денеска излезе со тврдење дека Манчестер Јунајтед планира да го донесе Карло Анчелоти на местото на сегашниот тренер Дејвид Мојс.
Навивачите на Манчестер Јунајтед се огорчени од резултатите на клубот и дел од нив веќе побараа оставка од Мојс, а „Олд Трафорд“ пред дуелот со Астон Вила го надлетуваше авион со порака тој да биде сменет.
Манчестер Јунајтед минатата година предводен од Алекс Фергусон ја освои шампионската титула во Англија, но сезонава под водство на Мојс игра променливо и во моментов е на 7.место.
Според „Дејли стар“ одењето на Мојс е сигурно, а во случај актуелниот тренер на Реал Мадрид да ја одбие понудата, најсериозни кандидати за клупата на „црвените ѓаволи“ се Диего Симеоне од Атлетико Мадриди Жозе Мурињо од Челзи.
]]>


