Дејвис куп репрезентацијата на Велика Британија го одложи патот за финалето во Белгија

Велика Британија, предводена од најдобриот нивни тенисер Енди Мареј, требаше да патува со авион од Лондон до Белгија, но летот беше одложен поради ризикот од тероризам. Очигледно, британците ќе патуваат на финалето на Дејвис купот утре, и покрај тоа што сеуште настапот е под голем прашалник.

Меѓународната тениска федерација (ИТФ) изјави дека е многу загрижена за одлуката на белгиската влада да прогласи вонредна состојба поради терористичките напади на територијата на Брисел, од кој Гент, градот домаќин на финалетона Дејвис купот, е оддалечен само 50 километри.

Финалето треба да се одржи од 27 до 29 ноември.

Најчитани вести