Декрет во италијанско гратче: Никој не смее сериозно да се разболи

Антонио Торчија истакнува дека потегот бил „очигледно хумористична провокација“, но дека имал поголем одзив од писмата што тој ги испратил до регионалните власти во кои предупредуваат за проблемите на локалниот здравствен систем.

Италијанското калабриско село Белкастро поради непостоечки здравствени услуги им забрани на своите жители тешки заболувања, објави Би-Би-Си.

На жителите на Белкастро им се „наредува да избегнуваат било какви болести за кои е потребна итна медицинска помош“, се вели во декретот на градоначалникот Антонио Торчија.

Торчија нагласува дека потегот е „очигледно хумористична провокација“, но дека имал поголем оддек од писмата што тој ги праќал до регионалните власти во кои предупредува за проблемите на локалниот здравствен систем.

Околу половина од 1.200 жители на Белкастро се над 65 години, најблиската здравствена установа е оддалечена повеќе од 45 километри, а патот до неа има ограничување на брзината од 30 километри на час, рече градоначалникот. Лекарот кој пристигнува во селото на повик е достапен само одредено време и не работи за викенд, за празници или по работното време.

На жителите, исто така,со декретот им било наредено да не се однесуваат на „начин што може да биде штетен и да избегнуваат несреќи по дома“ и „да не ги напуштаат своите домови премногу често, да не патуваат, да не спортуваат и наместо тоа да се одмораат поголемиот дел од времето“. “, пренесува Би-Би-Си.

Белкастро се наоѓа во јужниот регион на Калабрија, една од најсиромашните во Италија.

Најчитани вести