Денес на ЕУРО 2016: Во дербито на колото Шведска и Белгија сакаат да се изборат за поминување во осмина финале

Европското првенство во фудбал се одржува од 10 јуни до јули во Франција, а денес се на распоред четири натпревари од третото коло во групите Ф и Е со што ќе биде завршена групната фаза од натпреварувањето, јавува Anadolu Agency (AA).

Во терминот од 18 часот ќе се играат натпреварите од последното коло во групата Ф во кои се состануваат Исланд и Австрија, како и Унгарија и Португал.

Исланд и Австрија својот втор дуел го играат на стадионот „Stade de France“ во Сент-Денис, додека мечот помеѓу селекциите на Унгарија и Португалија ќе биде одигран на градскиот стадион во Лион.

По двете одиграни кола, Унгарија е лидер во групата со четири освоени бода, додека второто место го држи Исланд со два бода, колку што има и третопласираната Португалија. Австрија е на последното место со еден бод, но сите екипи во денешните мечеви имаат шанси да се изборат за пласман во осмина финале.

Третото коло во групата Е ќе се игра вечерва со почеток во 21 часот. На стадионот “Pierre Mauroy“ во Лил ќе играат Италија и Република Ирска, додека Шведска и Белгија својот меч ќе го играат на градскиот стадион во Ница.

Италија од претходните два натпревари ги собра максималните шест поени и се избори за пласман во осмина финале. Белгија е на второ место со три бода, додека Шведска и Република Ирска имаат по еден бод на трето и четврто место.

– 22 јуни –

Сент Денис (18:00): Исланд-Австрија

Лион (18:00): Унгарија-Португал

Лил (21:00) Италија-Република Ирска

Ница (21:00) Шведска-Белгија

Најчитани вести