Два дерби натпревара ќе се одиграат во 31. коло на шпанската Примера.
Првиот со кој ќе биде отворена оваа рунда, е градското дерби во Барселона, во која улогата на домаќин ќе ја има Еспањол. Во вториот во Билбао екипата на Атлетик го пречекува лидерот на табелата Атлетико Мадрид.
Покрај овие два натпревара, денеска ќе се играат и средбите Селта Виго – Севиља и Реал Мадрид – Рајо Ваљекано. Преостанатите двојки за ова коло се: Ваљадолид – Алмерија, Осасуна – Сосиедад, Виљареал – Елче, Валенсија – Гетафе (недела) Гранада – Леванте и Бетис – Малага (понеделник).
Табела: Атлетико Мадрид 73 бодови, Барселона 72, Реал Мадрид 70, Атлетик Билбао 56, Севиља 50, Сосиедад 49, Виљареал 48 .
]]>


