Дербито на Џенова за Сампдорија

Последниот натпревар од 22.коло од Серија А одигран синоќа заврши со победа на Сампдорија од 1:0. Во локалното дерби на Џенова гостите до триумфот дојдоа преку Макси Лопез со голот постигнат во 24.минута.

Сампдорија по двата натпревара без победа успеа да стигне до триумф и со тоа да се пробие на 13.место на табелата со 25 бодови.

Џенова со 27 бодови остана на 11.место на табелата.

На врвот на табелата е Јувентус со 59 бодови, пред Рома со 50 (натпревар помалку) и Наполи со 44.

]]>

Најчитани вести