Деспотовски: Навистина е добра вест дека „Вабтек“ ќе ја реализира својата нова инвестиција и ќе ги прошири своите капацитети во Македонија

Навистина е добра веста дека американската Вабтек (Wabtec) ќе ја реализира својата нова инвестиција и значително ќе ги прошири своите капацитети во Македонија.

Повеќе од две години со тимот од ТИРЗ работевме заедно со оваа компанија, која веќе вработува над 350 наши сограѓани. Се боревме заеднички со предизвиците од различни институции. Институции и политичари кои заборавија дека работат за интересите на државата и граѓаните. Се боревме и на суд, каде добивме заедно со компанијата. Одлуката сè уште не е спроведена. Сепак, добро е што овие предизвици се сега минато.

И затоа заслужува да се поздрави решеноста на Владата “да пресече” и оваа инвестицијата која е важна за сите граѓани да се случи.

Честитки за сите!

Фејсбук статус на Јован Деспотовски – Поранешен директор на ТИРЗ

Најнови вести

Најново од Економија

Најчитани вести