Во текот на изминатиот ден сообраќајната полиција на подрачјето на Град Скопје изврши увид на вкупно девет сообраќајни незгоди.
Од нив три се со последица материјална штета и шест со последица телесни повреди во кои со полесни телесни повреди се здобиле тројца возачи на моторни возила, тројца сопатници, двајца пешаци и еден мотоциклист.
Се случиле уште три сообраќајни незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет Европскиот извештај.
Сообраќајната полиција вчера откри и санкционира четворица возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол, 26 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење. Од нив тројца возачи со возилата се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место и седум возачи кои не ги почитувале светлосните сообраќајни знаци на крстосница.
Од страна на сообраќајната полиција со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети се вкупно 89 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
Во рамки на сообраќајно воспитната акција „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе реализира едукативни работилници во ОУ „Вера Циривири Трена“ кое се наоѓа на територијата на општина Карпош со учениците од второ и четврто одделение.
]]>


