СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Б.(21) од тетовско Јажинце, за сторено кривично дело „лажно пријавување на кривично дело“. Пријавената лажно пријавила дека на 04.11.2013 година од страна на нејзиниот невенчан сопруг А.Д.(27) од село Седларево, тетовско била однесена во плевна во близина на село Седларево, каде била држена до 27.11.2013 и дека истиот во повеќе наврати извршил обљуба на истата.


