Девојката по која се трагаше се огласи на социјалните мрежи: Се работи за лажна објава

Девојката за која вчера беше објавен апел дека се бара и е исчезната се огласи на социјалните мрежи и посочи дека се работи за невистинита информација.

„Драги пријатели, сите што ме познавате лично и оние што не ме познавате, објавата денес што се прошири дека сум исчезната е ЛАЖНА !!! Се кренала лажна тревога!!! Благодарам за трудот и загриженоста да ме најдете но се работи навистина за лажна тревога! Поздрав! Симона“, напиша таа.

Системот „Најдиме.орг.мк“ вчера објави дека е исчезната Симона Стојкова и дека се бара.

Загрижувачко беше тоа што постоеше информација дека таа последен пат се јавила со врискање и дека ја нема повеќе од еден ден а беше посочено дека ако некој ја види да ја контактира полицијата.

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести