Системот за исчезнати лица Најдиме.орг.мк објави дека е исчезната триесет и петгодишната Симона Стојкова.
Како што е објавено таа има кафена коса и кафени очи со висина од 175 см. Носи наочари и криви со едната нога која и е 7см пократка.

Последното нејзино јавување било со врискање на денот на исчезнувањето (23.04.2025) од бројот 076 851 228 и била достапна.
Се апелира доколку некој ја види да се јави во полиција.


