Врз основа на одговори од повеќе од 24.000 жители за квалитетот на живот, заедницата и секојдневното задоволство, списанието „Тајмаут“ (TimeOut) објави листа од 20 најсреќни градови во светот за 2026 година.

Прага, Чешка
Само највисоко рангираниот град од секоја земја се наоѓа на конечната ранг-листа, така што списокот би имал глобален карактер. На тој начин, Бат во Обединетото Кралство (поточно југоисточна Англија) се најде на првото место. Според анкетата, 93 отсто од испитаниците рекле дека животот во нивниот град ги прави среќни, 92 насто дека се посреќни во Бат отколку на други места каде што живееле или престојувале и 91 насто дека уживаат во секојдневните искуства што ги нуди градот. Рангирањето е составено врз основа на годишна анкета во којашто испитаниците оценуваат колку среќни ги прави нивниот град, дали се чувствуваат посреќни таму отколку на друго место, дали луѓето околу нив се позитивни и дали наоѓаат радост во секојдневните искуства…
Бат е најдобро оценет и кога станува збор за зелени површини и природа.

Краков, Полска
Панама Сити – главен и најголем град на Република Панама, се најде на второто место. Тука, 93 отсто од испитаниците сметаат дека нивниот град ги прави среќни, а 87 отсто рекле дека тука е лесно да се воспостават социјални врски.
Гвадалахара, во Мексико, е на место бр. 3, со вкупен резултат за од 83 отсто среќни жители – со високи оценки за културата, храната и заедницата.

Гвадалахара, Мексико
Списокот 20 најсреќни градови во светот за 2026 година го продолжуваат: Меделин (Колумбија), Краков (Полска), Џајпур (Индија), Чикаго (САД), Кејптаун (Јужна Африка), Шангај (Кина), Гетеборг (Шведска), Монтреал (Канада), Сао Паоло (Бразил), Валенсија (Шпанија), Прага (Чешка), Мелбурн (Австралија), Куала Лумпур (Малезија), Хамбург (Германија), Порто (Португалија), Амстердам (Холандија) и Чијанг Мај (Тајланд).
МИА


