Пита со сирење, шунка и шери домати

Одлична комбинација од сирење, шунка и домати во тесто – состојки типични за традиционално предјадење. 

         Состојки:

        Тесто:

  • 240 грама брашно
  • 120 грама ладен путер
  • 1/4 лажичка сол
  • 60 грама рендан пармезан
  • 60 мл ладна вода и едно јајце за премачкување.
    Фил:
  • 4 лажици кисела павлака
  • 2 јајца
  • 200 грама рендан кашкавал (што добро се топи)
  • 100 грама шунка 
  • 6–10 шери-домати
  • 60 грама фета-сирење

Подготовка:

 Направете го тестото со мешање на брашното, солта и пармезанот; потоа додадете го исецканиот путер и темелно втријте го во брашното. Работете брзо за да не се растопи путерот. Откако парчињата путер ќе достигнат големина на грашок, полека додадете ладна вода и месете додека се формира грубо тесто. Притиснете го со дланките и обликувајте го во круг. Завиткајте го во фолија и ставете го во фрижидер 30-60 минути. Подгответе го филот.

Пресечете ги доматите на половина, издробете го фета сирењето и исецкајте ја шунката. За филот, изматете ја павлаката и јајцата, а потоа додадете го ренданиот кашкавал. Оставете сè настрана додека го развлекувате и обликувате тестото за пита.Тестото развлечете го на набрашнета површина со големина 25 см x 35 см. Префрлете го на хартија за печење во тавче за печење. Премачкајте го работ со изматено јајце и избоцкајте ја основата од тестото со вилушка, а потоа рамномерно распоредете го филот врз неа.

Додадете ја сецканата шунка, издробеното фета сирење и шери доматите исечени на половинки. Печете ја питата во рерна претходно загреана на 200°C околу 20 минути. Ако почне премногу брзо да поруменува, малку намалете ја температурата и покријте ја со фолија. Оставете ја питата да се олади 5-6 минути пред сервирање.

МИА

Најчитани вести