Џафери повтори – Правда не дала мислење за еврообврзницата

Министерот за правда, Валдет Џафери, за 24 Вести посочува дека Министерството за финансии не побарало правно мислење за издавање на еврообврзницата, а како преставник на Министерството за правда е единствено министерот, ова доаѓа по обвинувањата на СДСМ дека е сторено кривично дело при издавање на еврообврзницата без мислење од Министерството за правда за нејзината правна издржаност.
Oд СДСМ и денеска го прозиваа Џафери, велат тој ќе го прекрши законот и ако ја потпише еврообврзницата по задолжувањето од 450 милиони евра како што најави Миноски.
Министерот за правда  мора да има предвид и дека ставката странски задолжувања во Буџетот за 2016 е 370 милиони евра што значи дека во Буџетот не е планирано новото историско финансиско задолжување кон коешто предизборно посегна власта на Груевски, а ребалансот на Буџетот се уште не е усвоен во Собранието на Р.Македонија. се вели во соопштението за јавноста на СДСМ.
До сега министерот Миновски нема конкретен одговор за законитоста на издавањето на еврообврзницата,  практиката според него прво е реализирање на  трансакција на еврообрзницата, а по тоа следува потпис од министерот за правда. Во соопштението од Минситерството за фианнсии кога беше издадена еврообврзницата стоеше дека таа е усогалсена со Министерство за правда.
За ВМРО-ДПМНЕ пак СДСМ манипулира со граѓаните.
СДСМ попусто се обидува преку манипулациите и измислиците од фабриките за афери да ја дефокусира јавноста од нивниот антидржавен обид за нарушување на финансиската стабилност и финансиски текови во Македонија, се вели во реакцијата на ВМРО- ДПМНЕ.
Во петокот Миновски порача дека  450-те милиони евра од еврообврзницата ќе легнат на сметка во наредните денови, не биле опструкциите на опозицијата, камата ќе била и пониска.
Извор:24Вести

Најнови вести

Најново од Економија, Ударни вести

Најчитани вести