Леброн Џејмс со тројката постигната со звукот на сирената кој го означи крајот на натпреварот му донесе победа на Мајами на гостувањето кај Голден Стејт во еден од 13 ноќешни натпревари од НБА лигата.
Џејмс натпреварот го заврши со 36 поени, 13 скокови и 9 асистенции.
Постигнати резултати: Голден Стејт – Мајами 110:111, Индијана – Далас 73:81, Орландо – Мемфис 81:86, Торонто – Атланта 104:83, Бостон – Сан Антонио 92:104, Бруклин – Шарлот 105:89, Детроит – Кливленд 89:93, Њујорк – Сакраменто 101:106 (по продолжение), Хјустон – Вашингтон 113:112, Милвоки – Њу Орлеанс 98:102, Минесота – Денвер 117:90, Јута – Филаделфија 105:100, и ЛА Клиперс – Портланд 122:117.
Вечерва се играат само два дуела: Чикаго – Бруклин и ЛА Лејкерс – Оклахома.
Пласман Источна конференција: Индијана 40-12 (победи-порази), Мајами 37-14, Торонто 28-24, Чикаго 26-25, Атланта 25-26, Вашингтон 25-27, Бруклин 24-26, Шарлот 23-30,…
Пласман Западна конференција: Оклахома Сити 42-12, Сан Антонио 38-15, Хјустон 36-17, ЛА Клиперс 37-18, Портланд 36-17, Далас 32-22, Феникс 30-21, Голден Стејт 31-22,.
]]>


