Џерард ќе го напушти Ливерпул?

Капитенот на Ливерпул Стивен Џерард откако не го продолжи договорот со својот матичен клуб може во следниот период (последните шест месеци од актуелниот договор) да преговара за трансфер во нов клуб.

Според најавите од британските медиуми, најверојатно 34-годишниот играч кариерата ќе ја продолжи во некоја од екипите во МЛС лигата (САД). Џерард во Ливерпул игра од 29 ноември 1998 година (деби со Блекбурн) и има одиграно вкупно 695 натпревари (во сите натпреварувања) и постигнато 180 голови.

За репрезентацијата на Англија настапи на 114 натпревари и постигна 21 гол, а репрезентативната кариера ја заврши по Мундијалот во Бразил.

Со Ливерпул не успеа да ја освои Премиер лигата, иако во ланската сезона беше на чекор до шампионската титула во Англија. Најголем успех во „црвениот дрес“ му е триумфот во Лигата на шампионите во 2005 година во Истанбул, кога беше совладан тимот на Милан.

Најчитани вести