Дибиров и Вугринец во тимот на колото

Позитивните резултати и игрите на ракометарите на Вардар и на Металург не останаа незабележани, па така во тимот на колото се најдоа по еден играч од двата тима.

На позицијата лево крило е избран Тимур Дибиров од Вардар (постигна 9 голови со Хамбург), а на позицијата десен бек е Ренато Вугринец од Металург (постигна 13 голови против Колдинг).

Тим на колото (прв осминафинален натпревар):

лево крило – Тимур Дибиров (Вардар), лев бек – Мариуш Јуркевич (Висла), среден бек – Стас Скубе (Горење), десен бек – Ренато Вугринец (Металург), десно крило – Штефан Шродер (Хамбург), пивот – Ренато Сулиќ (Веспрем) и голман – Славомир Шмал (Киелце).

Ренато Вугринец со 75 голови е најдобар стрелец во Лигата на шампионите.

]]>

Најчитани вести