Диме Спасов вечерва дава исказ во полициската станица Карпош

Дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика Диме Спасов моментално се наоѓа во полициската станица Карпош, каде треба да даде исказ за синоќешните сообраќајки кои ги предизвикал со службениот „Туарег“ и бркотниците по скопските улици. Новинарски екипи се пред полициската станица и го чекаат да излезе.

Како што соопшти МВР, тој минатата вечер удрил 2 возила беснеејќи по скопските улици, па трчајќи и избегал на полицијата, а потоа го пратил својот возач да лаже дека тој возел наместо него.

Најнови вести

Најново од Ударни вести, Хроника

Најчитани вести