Димитров избори полуфинале во Акапулко

Најдобриот бугарски тенисер Григор Димитров обезбеди пласман во полуфиналето на АТП турнирот во Акапулко, Мексико, откако рано утрово по средноевропско време, го совлада Ернест Губис (Летонија) со 2-1 во сетови 4:6, 7:6 и 7:5.

Противник на Димитров во полуфиналната пресметка ќе му биде Енди Мареј (Велика Британија) кој во четвртфиналето беше подобар од Жил Симон (Франција) со 2-1 во сетови 1:6, 7:6 и 6:2.

Другата полуфинална двојка ја сочинуваат Кевин Андерсон (Јужна Африка) и Александар Долгополов (Украина).

Андерсон до својот најголем успех на турнирите од Серија 500 стигна откако противникот во 1/4финалето Давид Ферер (Шпанија) го предаде мечот поради повреда при добиен прв сет и 2:4 во вториот сет.

Долгополов синоќа во првото 1/4финале беше подобар од Иво Карловиќ (Хрватска) со 6:4 и 7:6.

]]>

Најчитани вести