Димковски: Интензивно работиме на исполнување на европските стандарди за уредување на земјоделските пазари

„На почетокот на минатата година во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство започна проектот „Воведување и спроведување на мерките за Заедничко уредување на пазарите“ финансиран од Инструментот за претпристапната помош (ИПА) на Европската унија. Конкретно, со проектот ќе се постигне поврзување на земјоделците со откупувачите, поттикнување на договорното производство преку склучување на цврсти договори, со кои земјоделците ќе бидат сигурни во откупот и цените, а откупувачите во производите што им се потребни. На овој начин ќе се овозможи транспарентност, стабилност, и правичност на пазарите, во интерес на зголемување на конкурентноста на сите учесници поединечно и синџирот во целина“, изјави министерот Димковски. При тоа, Димковски потенцираше дека реформирањето на секторот земјоделство со воведување и имплементација на сите пазарни стандарди, како и уредување на земјоделските пазари ќе им помогне на институциите и на приватниот сектор во уредување на бараниот сет на национални пазарни стандарди за свежо овошје и зеленчук на внатрешните и извозните пазари на ЕУ. Националната Стратегија за земјоделство и рурален развој 2014-2020 цврсто ја препознава потребата за надминување на структурните недостатоци, што претставуваат клучна пречка за зголемување на конкурентноста. Имајќи предвид дека преструктуирањето на секторот е една од клучните стратешки цели до 2020 година, Владата на Република Северна Македонија започна со создавање институционална, правна и политичка средина за спроведување на преструктурираните политики. ]]>

Најчитани вести