„Денеска, Владата донесе одлука за интервентна мерка, односно со дополнителни три денари да бидат досубвенционирани земјоделците за продаден килограм зелка кај регистрирани откупувачи.Оваа мерка е интервентна, покрај основната мерка според која земјоделците по хектар добиваат субвенција од по 30 илјади денари “, порача министерот Димковски.
Тој информираше дека во моментов извозот на зелка, според количината, е многу поголем од минатата година. До 26 април имаме извезено околу 44 милиони килограми зелка, што е за седум илјади тони повеќе од лани.
Министрот Димковски посочи дека континуирано се следи откупот на зелка и досега се одржаа повеќе состаноци со откупувачите на зелка, со цел да им се укаже дека треба да нудат сите иста цена и да се натпреваруваат во услуга, пакување.
]]>


