Дино Мерлин за петициите против него: Судот утврди дека никогаш не сум ги навредил Србите

Пејачот Дино Мерлин распродаде три концерти во белградската Старк Арена (за 18, 19 и 21 ноември), а во тек е продажбата и за четвртиот концерт закажан за 22 ноември 2023 година.

Имено, пејачот подолго време молчеше за наводните изјави против Србите, но веќе проговори за српски „Курир“ за целата медиумска хајка против него и што е всушност вистината. Дино ја спомна и петицијата покрената против него, а се однесува на забраната за влез во Србија.

– Мал или некаков број изманипулирани луѓе – сеедно, тие се сепак изманипулирани луѓе. Можете да возите Формула 1.300 км на час, но ако возите во погрешна насока, не сте на вистинскиот пат. Кога некои крајно злонамерни манипулатори објавуваат нешто вакво, тогаш обичниот човек кој само ги чита насловите реагира како што е нормално да реагира; не проверува, само кликнува, затоа што не треба многу труд за да се кликне. Искрено кажано, жалам за луѓето кои се декларираат врз основа на такви озлогласени невистини. Но, убеден сум дека огромното мнозинство ќе ги отфрли овие и слични петиции и иницијативи кои нанесуваат непоправлива штета на општеството во целина и на сите нас. Секако, мило ми е што во меѓувреме е отстранета петицијата, нешто што го очекував, и тоа е фер работа. Зашто, како што вели старата мудрост: „Некои луѓе можеш да ги мамиш постојано, сите луѓе понекогаш, но не можеш да ги мамиш сите луѓе цело време“ – изјави Мерлин.

Дино ги коментирал и споменатите изјави против Србите и на крајот кажа дека судот во Белград пресудил во негова корист дека никогаш не ги изговорил тие зборови.

– Не е првпат да давам изјава на оваа тема. Некои бескрупулозни луѓе инсистираат да ме прикажуваат како нешто што не сум. На ист начин, во 2011, 2015 и сега во 2023 година. Кога и да настапувам во Белград, тие континуирано користат еден ист наратив и упорно манипулираат, конструираат, фалсификуваат и им фрлаат прашина во очите на луѓето. Мноштвото вакви и слични срамни и понижувачки клевети и навреди против мене морав да ги побијам на суд. Вишиот суд во Белград, по петгодишно судење, донесе правосилна пресуда број П3. 340/15 од 12 февруари 2020 година (потврдено од Апелациониот суд во Белград во пресуда бр. Гж3 184/20 од 3 февруари 2022 година). Во образложението на наведената пресуда, судот, меѓу другото, го заклучи следното: „Се забранува на Дино Мерлин да му се припишува фразата за „болни Срби“, како и да се опишува Дино Мерлин како личност која се прославила со своите антисрпски ставови, со оглед на тоа што во судската постапка не е утврдено дека Дино Мерлин некогаш дал изјави кои би претставувале фактичка основа за такви заклучоци .Тргнувајќи од утврдените факти дека објавените информации се нецелосни, непроверени и поради тоа и невистинити, ставот на судот е дека овие текстови се објавени со цел да се создаде непријателство кај публиката и читателите кон Дина Мерлин – изјави меѓу другото Мерлин. Пејачот додаде дека е горд што одзивот на неговите концерти е толку голем.

– Да бидам искрен, горд сум. Ова е навистина сосема неочекувано и многу сум им благодарен на сите кои искажуваат ваква чест кон моите песни и на мене. Се надевам дека ќе ја оправдам оваа огромна доверба на мојата публика. Веќе се трудам максимално да се фокусирам на најважниот, креативен дел – признал пејачката.

Што се однесува до знамињата, пејачот исто така истакнал дека не е точна и веста дека српските знамиња се забранети на неговите концерти.

– За жал, уште една во низата невистини и уште еден обид да ме дискредитираат како личност кај мојата публика и јавноста. Се чини дека некои луѓе многу добро заработуваат од валкањето на другите. Во врска со наводните забрани за носење на знамето на Република Србија на концертот, судот пресуди дека и тоа се невистинити тврдења и претставуваат груба злоупотреба на фактите со цел да се наруши мојот углед – истакна Дино и додаде:

– Како жртва со големи лузни, бидејќи мојата десна рака и менаџерот Кемал Бисиќ, басистот Александар Аќимовиќ, клавијатуристот и саксофонист Мустафа Нурак Буги, таткото на мојата сопруга, Незир Пољо и уште неколку членови на нашето семејство, загинаа во војната – можете да замислите колку бев бесен и очаен во тие моменти, но и тогаш не мразев – апсолутно сум сигурен дека помирувањето на овие простори нема алтернатива, порача Мерлин.

Најчитани вести