Регулаторна ги соопшти новите цени на нафтените деривати кои почнуваат да важат од полноќ до наредните две седмици.
Имено дизелот поефтинува за два денари и од полноќ ќе се точи за 46,5 денари за литар додека ЕУРОСУПЕР БС-95 и понатаму ќе се продава по цена од 62,50 денари за литар, а евросупер БС-98 за 64,50 денари за литар.
Мазутот пак ќе се продава 17,743 денари за килограм, а намалена цена бележи и екстра лесното масло за домаќинство која се намали за два денари и изнесува 35,5 денари.
Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 1,37 проценти.
Оваа одлука на регулаторна доаѓа како последица на просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар и курсот на денарот во однос на доларот во изминатите 14 дена.
Инаку и нафтата на светско ниво бележи пад во последните денови, а падот претставува најниско историско ниво во последните седум години на нафтата.


