Една асистенција му недостасуваше на Кевин Дјурант да оствари трипл-дабл на синоќешниот дуел против Њујорк. Најдобриот играч на Оклахома со 41 постигнат поен, 10 скокови и 9 асистенции го предводеше неговиот тим во 41.сезонска победа.
Резултати на синоќешните дуели од НБА лигата: Оклахома – Њујорк 112:100, ЛА Лејкерс – Чикаго 86:92, Бостон – Далас 91:102, Бруклин – Њу Орлеанс 93:81, Кливленд – Мемфис 91:83 (по продолжение), Орландо – Индијана 93:92, Вашингтон – Сакраменто 93:84 и ЛА Клиперс – Филаделфија 123:78.
Вечерва играат Индијана – Денвер, Торонто – Њу Орлеанс, Детроит – Сан Антонио, Милвоки – Бостон, Минесота- Хјустон и Голден Стејт – Филаделфија.
Пласман Источна конференција: Индијана 39-11 (победи-порази), Мајами 35-14, Торонто 26-24, Атланта 25-24, Вашингтон 25-25, Чикаго 25-25, Бруклин 23-26, Шарлот 22-29,…
Пласман Западна конференција: Оклахома Сити 41-12, Сан Антонио 37-14, Портланд 36-15, ЛА Клиперс 36-18, Хјустон 34-17, Феникс 30-20, Далас 31-21, Голден Стејт 30-21,.
]]>


