До 12 години затвор за осомничениот за палењето на автомобилот на Бака прасе

Откако луксузниот автомобил на јутјуберот Богдан Илиќ, беше запален, уапсен е осомничен млад човек (23), а сега се познати и нови детали од истрагата.

Според официјалното соопштение, осомничениот се товари за кривично дело предизвикување општа опасност, како и изнуда, што се третира како тешко кривично дело.
Токму комбинацијата од овие обвиненија значително влијае на висината на казната. Доколку биде прогласен за виновен, се соочува со затворска казна од три до дури 12 години, со дополнителна парична казна.
На износот на евентуалната пресуда ќе влијае и проценката на материјалната штета на луксузното возило од марката „Брабус“, кое е во сопственост на познатиот јутјубер.

Случајот го презеде Вишото јавно обвинителство во Белград, а како што е наведено, се разгледува евентуална преквалификација на кривичното дело, што би можело дополнително да влијае на текот на постапката.
Да потсетиме дека палењето на скапиот автомобил предизвика големо внимание во јавноста, а истрагата треба да фрли светлина врз сите околности на овој инцидент и можните мотиви зад нападот, пишува Блиц.

Најнови вести

Најново од Магазин, Македонија

Најчитани вести