ПАВЕЛ ХРИСТОВСКИ – Херојот кој загина спасувајќи други: Секогаш ми велеше, мајко се ќе биде во ред, јас сум тука за сѐ што треба!

Павел Христов, роден 2004 година, е уште еден ХЕРОЈ од трагедијата во Кочани за кој јавноста треба многу погласно да зборува.

Ова момче четирипати влегувал во опожарената дискотека за да помогне и да спаси свои врсници.

„Во целиот хаос не се заштитил сам, преовладувала неговата хуманост, не штедејќи се себеси, и сѐ што може да се случи, раскажуваат неговите другари“, вели мајката на настраданиот Павел за „Нетпрес“.

Тој во четвртото влегување веќе почнал да ги чувствува последиците на чадот и да се гуши.

Мајчините солзи не можат да го измијат системскиот грев, алчноста за пари, а тоа убива од внатре.

-Ги воспитувавме да бидат чесни, да имаат почит спрема секого. Не згрешивме, такви треба да бидеме во животот, да подадеме рака. Не жалејќи се мојот син четири пати влегувал во опожарената дискотека за да помогне и да спаси свои врсници. Во целиот хаос не се заштитил сам, преовладувала неговата хуманост, не штедејќи се себеси, и сѐ што може да се случи, раскажуваат неговите другари, вели мајката на настраданиот Павел Христовски од Кочани, Валентина Христовска.

Павел во четвртото влегување веќе почнал да ги чувствува последиците на чадот и да се гуши.

-Болката што ја чувствувам како родител е голема, како и кај сите други родители, бидејќи тие деца си имаа избрано пат. Некои се имаа определно да учат за доктори, други за инженери, трети да се посветат на занает, и сите си ја сакаа Македонија. Поради нечии пропусти останавме без децата, без нашите ангели. Тие ни беа светлост и надеж. Се прашувам Гоподи, зошто ги земаш добрите?, вели Христовска.

Нејзината болка е уште поголема, бидејќи и ќерката Марија била исто така во дискотеката. Таа е повредена и е на лекување во Шпанија, а семејството со нетрпение го чека нејзиното враќање.

Таа вечер требала да биде за опуштање, а утредента, според сведоштвото на Христовска, требало да заминат за Скопје за да купат венчален фустан за ќерката. Но, како што вели Валентина, пропустите на системот и алчноста за пари зацрнија 60 фамилии.

После сѐ што се случи, после трагичната загуба на татко му, на само 17 години застанува како столб во фамилијата. Остана разумен, одговорен и хуман кон општеството, ја ширеше својата ведрина кон своите најблиски и спрема секого, со убав збор и добри дела со намера оваа година да се запише на факултет и да си го работи занаетот како бербер.

„Секогаш ми велеше, мајко се ќе биде во ред, јас сум тука за сѐ што треба. Се одлучува за берберскиот занает каде што е и омилена личност“.

Повеќе за херојот Павел на netpress

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести