Најдена е бомба поставена на тркало на автомобил во скопската населба Капиштец, информираат од МВР. Полицијата соопшти дека експлозивната направа е дадена на вештачење, јавува Мета.
Сега полицијата работи на утврдување на намерите на поставувачот на бомбата и откривањето на неговиот индентитет.
Полицијата соопшти дека утрото во 8.50 часот било пријавено дека под автомобил „сеат ибица“ паркиран на улица „Васил Ѓоргов“ во Капиштец, сопственост на З.К. има поставено експлозивна направа.


