Дојде до промена! Теа Таировиќ со ново презиме – младоженецот е горд

Една од најпопуларните музички ѕвезди од помладата генерација Теа Таировиќ денеска му го кажа судбоносното да на својот партнер Иван Вардај. Гламурозната венчавка се одржува во родниот град ,Нови Сад на пејачката во „Баронскиот замок“ на рибарскиот остров во сопственост на познатиот моден дизајнер Младен Миливојевиќ Барон, кој бил задолжен за комплетното украсување. На прославата присуствуваат 120 гости, семејството и најблиските пријатели и колеги.

Свадбата се одржала под купола украсена со цвеќиња на самиот брег на Дунав. Невестата до олтарот ја придружувал нејзиниот татко Зоран Таировиќ, а пејачката на презимето го додаде Ивановото – Вардај. Венчаницата на Теа била бела украсена со кристали,  рачно изработен фустан од креаторот Бојан Петровиќ. Тоа било негов подарок за Теа. Иван носел црн смокинг со лептир машна.

Бидејќи младенците сакале венчавката да биде интимна, на прославата се појавиле колешките Барбара Бобак и Сања Вучиќ. Бендот кој ги забавувал гостите билAcoustic Room, вујкото на Теа, Горан Таировиќ.

Теа Таировиќ: Ова е посебен ден за мене и Иван кој ќе го паметиме засекогаш. Им благодариме на сите што ја разубавија нашата свадба, како и на медиумите што имаа разбирање дека сакавме овој чин да остане интимен, пишува Еспресо.

Најчитани вести