Домашен леб кој не се меси

Направете домашен леб без месење со следниов рецепт:
состојки:
550 мл топла вода
1 лажичка шеќер
1 кесичка сув квасец
670 гр брашно (тип 400)
ПОДГОТОВКА:
Во 200 мл топла вода ставете шеќер и квасец. Оставете десетина минути да се активира квасецот. Во сад ставете брашно и сол. Измешајте и додадете ја водата со квасецот и уште 350 мл топла вода. Мешајте додека се убаво да се соедини, потоа покријте и оставете на топло место 45 минути да нарасне. Во огноотпорен плех ставете хартија за печење. Расукајте го тестото, посипете го со брашно, ставете капак и печете на 250 степени 30 минути. После тоа, извадете го капакот и печете уште 15 минути на иста температура. Извадете го лебот од рерна и оставете го на решетка да се излади.

Напомена: Можете да го печете и во тенџере, но внимавајте да нема пластични делови на него и на капакот.
Извор: agrosavjet.com

Најчитани вести