Драги т.н. уметници, уметникот не е кловн и партал во рацете на Бети, Жугиќ, Роберт или Бато!

Време е на големи уметници кои создаваат на цицка на режимот, зашто сдсм не им дал, а вмро им дава, ама молчат ко пички. Молчат за убиството на критичката мисла и слободниот збор заради што и станале уметници, претпоставувам. Навидум ги презираат и се над сите протести и револуции и се бават упорно со “уметност” ама од државни пари. Драги т.н. уметници, уметникот не е кловн и партал во рацете на Бети, Жугиќ, Роберт или Бато. Познавам уметници што се на државна плата (јас исто), па ги гледам на протести секој ден. Вашиот молк е поради тоа што се плашите за себе и за својата егзистенција. А се плашат само луѓе кои на сомнителен и неправичен начин дошле до државна работа. Исто како и оние, на кои им клечите. Стравот и неспособноста се одраз на неквалитет. Страв дека нема да можете да фатите врски и да лижете газ во лојална конкуренција. Налет фестивалите и наградите и написите и фалбите во режимските медиуми од полуписмени маалски пискарала за вашите успеси во гнило општество. Всушност вие сте главните одржувачи на режимот. Му давате кислород и свежина и го аминувате. Затоа ја поддржувам‪#‎ШаренаРеволуција‬. Зашто е единствен јасен, артикулиран, доследен и видлив отпор кон фашизмот и примитивизмот во оваа јадна земја. Ваши колеги се следат и апсат, а вие тоа го помагате. Молчевте и кога вашата колешка Жугиќ бараше пресметка. Молчите и кога Иванов бара пресметка. Молчите и кога Груевски се повикува на вас и бара пресметка. Навивате потајно сите да бидат во затвор или повредени во судир со полицијата, за да можете раат да газите по земјата која не е лична ваша своина, ниту пак сте се избориле ферски за место на неа. Но, знаеме како завршуваат ликовите како вас од театарските пиеси. Ништо не е променето од античките трагедии до денес. Со тоа што тогаш театарот претставувал катарза за публиката, а денес евтина забава за малограѓаните, платена крваво од народни пари. Театарот, колеги на државна цицка, денес е на улица, таму се емоциите, смеата, тагата, револтот, простувањата, гневот, солзите, и таму се случува катарзата.

Фејсбук статус на Синоличка Трпкова

Најнови вести

Најново од Ракурс, Ударни вести

Најчитани вести