Драма во Хиподром: Мајка си го фрлила детето од 4 кат, а по еден час и таа скокнала

Утрово во скопската населба Хиподром се одвивала вистинска драма. 37-годишна мајка најпрво од балконот во зградата на улица „Пехчевска“, кулата до градинката, се заканувала дека ќе скокне од 4 кат заедно со нејзиниот шестгодишен син. Полицијата добила пријава за настанот во 9,05 часот, а во 9,20 мајката го фрлила детето.

Падот на детето бил ублажен од жиците на балконите од подолните катови. Сепак детето било префрлено во болница со тешки телесни повреди.

Во 10 и 20 часот се фрлила и мајката која е во критична состјба.

Полицијата и пожарникарите цело време се обидувале да ја убедат мајката да не го прави тоа што го наумила.

Најнови вести

Најново од Ударни вести, Хроника

Најчитани вести