Драма во „Стил-Кон“: Работниците 3 месеци без плата, а денеска наишле на затворена капија

 

Вработените во Компанијата за челични конструкции „Стил Кон“ од Куманово се во штрајк поради тоа што три месеци немаат добиено плата. Пријавиле во инспекција но нема никаква реакција поради што веќе трет ден се во штрајк. Денеска менаџментот на компанијата не ги пушта во фабриката, а картичките за евидентирање им се одземени.

 

„Стил – Кон“ е холандска инвестиција која беше најавена како можност за нови 100 работни места.

Тие инвестираа  3,5 милиони евра во нов погон за преработка на арматурно железо, како и за доградба и доопремување на постоечкиот погон за челични конструкции во фабриката што се наоѓа во атарот на  Младо Нагоричане, на чие отварање присуствуваше тогашниот премиер Никола Груевси кој тогаш рече дека инвестициите кои влегоа во државата се доказ дека кризата е пребродена.

fabrika1

„Владата на секој начин се обидува да создаде поволна клима за развој на економијата. Се надеваме дека наскоро ќе има и други позитивни примери како овој и многу нови вложувања кои можат да не вратат на патот на стабилни и високи стапки на економски раст, какви што бележевме пред да не зафати виорот на економската криза. На Стил Кон му посакувам среќна работа и многу нови нарачки“, истакна Груевски при отварањето на погонот.

Најнови вести

Најново од Економија, Ударни вести

Најчитани вести