Драма во Вашингтон: Маж со мачета и ножеви се обидел да влезе во Капитол

Еден човек е уапсен откако се обидел да внесе мачета во Центарот за посетители во Капитол, соопшти полицијата.

„При безбедносна проверка на северниот влез, нашите полицајци пронајдоа мачета во машка торба. Мачетата е откриена на рендген“, стои во соопштението.

Во чантата со мачетата биле пронајдени и три ножеви.

„Човекот е уапсен и се соочува со повеќекратни обвиненија за недозволено носење оружје“, се додава во соопштението.

Полицијата на крајот наведе дека ќе објави повеќе информации наскоро.

Најчитани вести