Тие продолжиле да играат фудбал, ги тренира истиот тренер и живеат во истите куќи со нивните семејства. Нивниот живот, сепак, е променет. По спасувањето тие потпишаа договор со „Netflix“, патуваа низ светот, а нивната приказна веќе има печатено издание и неколку документарни филмови. Сепак, тие не смеат да зборуваат за нивната драматична авантура поради ексклузивните договори кои им забрануваат контакт со новинари. Момчињата влегоа во кобната пештера на 23-ти јуни 2018 година, но поради подземните води и дождовите кои паднаа во тој период останаа заробени внатре. По драматичната спасувачка акција сите момчиња беа спасени до 10 јули и станаа светски ѕвезди. Единствена жртва на целата операција беше тајландскиот нуркач Саман Гунан, кој остана без кислород за време на подготвителната операција на извлекувањето на децата. ]]>


