Државата ќе се задолжи за 813 илјади евра

Државата денеска ќе се задолжи за 813 илјади евра кај домашните кредитори, а веќе утре истата сума треба да биде раздолжена.

Во текот на последните две аукции Владата зема повеќе пари отколку што требаше да врати на сумата што доспеваше за раздолжување, па се поставува прашањето дали истата постапка надлежното министерство ќе ја направи и овој пат.

Според објавените податоци,  планирани се аукции на тримесечни државни хартии од вредност во износ од 244 илјади евра, со каматна стапка од 1,60%. И на десетгодишни државни хартии од вредност во вкупен износ од 569 илјади евра, при што едната аукција е со каматна стапка од 3,70% а другата со 3,90%.

Најчитани вести