Преку отворено писмо, Демократскиот сојуз јавно ги повикува граѓаните, граѓанските асоцијации, експертите, медиумите и политичките партии, преку демократски средства да ја блокираат реализацијата на еврообврзницата од 650 милиони евра. „Тргнувајќи од фактот дека задолжувањето го прави Влада која е техничка и која за десетина дена ќе биде сменета, како и барањето на мнозинството граѓани да не се задолжува повеќе државата, апелираме до банките-потенцијални купувачи на еврообрзницата и меѓународните финансиски институции, да не ризикуваат и да ја блокираат реализацијата на еврообврзницата, независно од моменталната примамливост за висок профит – велат од партијата и бараат итна собраниска седница посветена на задолжувањето“. Вчерашните протести на Шарената револуција беа посветени токму на новото задолжување преку еврообврзница.
Извор:24 Вести


