Два реванш осминафинални дуели во Лигата на шампионите

Во фудбалската Лига на шампиони вечерва ќе се одиграат уште два реванш дуела од 1/8финалната фаза.

Формалност претставува средбата во Мадрид каде Реал со предност од 6:1 попрвиот дуел го пречекува германскиот претставник Шалке.

Многу понеизвесно се очекува да биде на „Стемфорд Бриџ“ во Лондон на натпреварот меѓу англискиот претставник Челзи и турската екипа Галатасарај. Првиот дуел одигран во Истанбул заврши без победник 1:1.

Почетокот на двата натпревара е во 20 часот и 45 минути.

Пласман меѓу осумте најдобри веќе обезбедија Баерн Минхен, Барселона, Атлетико Мадрид и Пари Сен Жермен.

Последните четвртфиналисти во елитното натпреварување ќе ги дознаеме утревечер по завршувањето на средбите Манчестер Јунајтед – Олимпијакос (0:2 прв натпревар) и Борусија Дортмунд – Зенит (4:2).

]]>

Најчитани вести