Два танкера за течен гас под индиско знаме поминаа низ Ормускиот Теснец

Два танкера за течен гас (LPG), што пловат под индиско знаме, денеска поминаа низ Ормускиот Теснец, иако целиот сообраќај во критичниот воден пат останува блокиран, соопшти платформа за следење на бродови.

Танкерот „Пајн Гас“ ( Pine Gas) помина низ мореузот, а кратко време потоа и танкерот „Џаг Васант“ (Jag Vasant), што беше во близина, се наведува во податоци од платформата за следење на бродови „МаринеТрафик“.

Танкерот „Пајн Гас“ ја емитуваше пораката „Индиски брод и екипаж“, според одделните податоци за следење на бродови од платформата LSEG.

Стотици бродови се уште се заглавени во Персискиот Залив, а илјадници морнари се принудени да останат усидрени поради американско-израелската војна со Иран.

МИА

Најнови вести

Најново од Свет

Најчитани вести