Во тек е 45. шаховска Олимпијада во Будимпешта која започна на 10. септември а ќе трае до 23 септември и на неа се натпреваруваат 197 земји.
На олимпијадата големи успеси забележаа македонските шахисти кои во моментот се рангирани на 62 место, како и шахистките кои се рангирани на 57 место.
Од машкиот тим кои се натпреваруваат, Евгениј Романов, Тони Лазов, Никола Николовски, Емил Ристески и Антон Златков, двајца наши шахисти, ИМ Тони Лазов и ФМ Анготн Златков досега се непоразени во натпреварите.
Лазов и Златков засега се непоразени по четири одиграни партии.
Женскиот тим се состои од Моника Стојковска, Ивана Манова, Моника Жежовска, Сања Трајковска, Леа Ефтовска.
Македонија моментално е рангирана на 38. место меѓу 197 селекции.


