Двајца повредени во пукотница во Македонска Каменица

Две лица се повредени пред малку откако во нив пукал вооружен маж.

Инцидентот се случил во селото Луковица, Македонска Каменица. Според првичните информации до кои дојде Курир, повредените се наоѓаат надвор од животна опасност, а напаѓачот е приведен.

Од полицијата потврдуваат дека имало пукање, но не откриваат повеќе детали. Велат, увидот е во тек, а по завршување на истиот ќе бидат познати повеќе информации.

Според информациите на порталот Либертас, возрасен маж пукал со ловџиска пушка во соселанец, а во пукањето повредена и жена. Неофицијално, мотивот бил прељуба.

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести