во на Бугарија, претставници од Министерство за земјоделство од Србија, Турција, Албанија, Хрватска, Косово, Романија, присуствуваа на традиционалниот настан „Ден на пченицата“ под покровителство на Агро комората и Сојуз на стопански комори, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и Општина Илинден.
Претседателот на Агро-бизнис комората, Огнен Оровчанец, истакна дека иновативниот пристап во развојот на сортните пченици признати меѓународно, е она што ги движи напред и одржува сите овие години. Новина е што од 2019 година на европскиот каталог на сорти ќе бидат внесени за прв пат две македонски сорти пченици и една сорта тритикале кои се создадени во оваа компанија, што значи дека семето може да се продава во земјите од Европската унија.
„Заедничка работа на стопанството, науката и институциите е клучот на успехот. Употребата на сертифициран семенски материјал е еден од начините за одржливост на производството на житни култури во услови кога климатските промени изминатите години нанесуваат сериозни штети врз земјоделското производство. Неопходно е зголемување на производството на житни култури и намалување на увозната зависност, а сето тоа ќе имаат поголем ефект доколку се зголеми употребата на сертифициран семенски материјал, изјави Оровчанец и додаде дека во конкуренција на светски реномирани компании како најдобри сорти пченица, со одлични карактеристики и врвни приноси, признати се неколку домашни сорти пченица во Република Грција, Република Србија и Република Албанија. Станува збор за сортата „Осатка“ која е призната во Р. Грција, Р. Србија и Р. Бугарија, а сортата „Тритикале-Агроунија“ во Р. Србија и Р. Бугарија.
Во рамките на одбележувањето на „Денот на пченицата 2019“беше извршена обиколка на опитните полиња и презентација на македонските сорти пченици. На манифестацијата беше поентирано дека е потребно да се зголеми интересот за сеидба. Според официјалните статистички податоци во 2007 година имало 90 800 хектари со пченица, во 2012, 79 745 хектари со пченица, а во 2017, 72 864 хектари пченица. Што се однесува до производството на јачмен во 2007 година регистрарани се 47 712 хектари , во 2012, 41 057 хектари и во 2017 43 816 хектари.
]]>