Во казиното „Вегас“ во скопско Визбегово, рано утринава беа убиени две лица – едниот чувар на казиното, а другиот најверојатно посетител.
Според првичните информации, четворица напаѓачи упаднале во казиното пред 5 часот утринава. Биле маскирани, двајца од нив носеле автоматски пушки, а двајца биле со пиштоли. Напаѓачите испукале неколку куршуми во 22-годишниот В.Х од Косово кој не успеал да побегне, а со кундак во главата неколкупати го удриле 20 годишното момче од село Крушопек кој бил ангажиран како приватно обезбедување. Двајцата починале на лице место, а напаѓачите ги украле парите од касата во казиното и избегале.
„Екипа од Свр Скопје изврши увид на местото на настанот, се трага по сторителите и се прави се за целосно расчистување на овој случај“, изјави Сузана Прањиќ – портпарол во МВР.
]]>


