Познатиот карикатурист Стефан Шарбоние наречен Шарб објави пред неколку дена карикатура во „Шарли Хебдо“ која, како да го предвидува нападот.
На карикатурата се гледа еден исламист кој вели „Се уште нема терористички напад во Франција? Чекајте! Имаме време до крајот на јануари да ви испратиме честитки.“

Шарб загина во денешниот напад а, претходно добивал закани дека ќе биде убиен.

Весникот беше нападнат со молотови коктели во ноември 2011 година откако објави еден број од неделникот во кој имаше карикатура на Мухамед.


