Велешанецот Мијалче С. (57) синоќа околу 19:55 часот го загуби животот во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Градско – Велес. Во тешката сообраќјна несреќа повредени се сопругата на загинатиот и нивното дете.
Портпаролката на СВР Велес Анита Стојковска соопшти дека патничкиот автомобил „опел кадет“ со битолски регистерски таблички со кој управувал 35 – годишниот Љ.П. од Велес од засега неутврдени причини удрил во мост кај Градско.
На местото на несреќата починал неговиот сопатник Мијалче С., роден 1956 година, од Велес. Потешко биле повредени Б.С., сопруга на загинатиот, родена 1957 година, и детето Б.С.
Сопругата на загинатиот и возачот Љ.П поради сериозноста на повредите биле упатени на лекување во Ургентниот центар во Скопје, додека детето е на лекување во велешката Градска болница.
Увид на местото на сообраќајната несреќа направил истражен судија и екипа на СВР Велес, а телото на починатиот е предадено на обдукција во Скопје.


