Ѓоре. С. (55) од Прилеп го загуби животот, а Илија М. (61) и неговиот син Влатко (27) од Кавадарци се тешко повредени во сообраќајката што се случи утрово околу 8:00 часот на магистралниот пат Прилеп – Битола, во близина на селото Тополчани.
Според СВР Битола, се уште не е утврдено како точно дошло до несреќата, се знае само дека настанала меѓу моторното возило фолксваген со кој управувал Саздоски и комбето „фиат“ што го возел Илија М. Притоа, комбето целосно изгорело.
Полиција, јавен обвинител и истржен судија кој наредил обдукција на загинатиот прилепчанец, моментно вршат увид на местото на незгодата.
Магистралниот пат Прилеп – Битола е затворен за сообраќај и е пренасочен по стариот пат.


