Еден загинат и двајца тешко повредени во сообраќајката кај Сирково

Едно лице загина, а двајца се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случи синоќа во 21:40 часот на магистралниот пат Градско – Прилеп на крстосницата кон село Сирково.

Кај бензинска пумпа Црна Река Петрол, патнички автомобил марка „БМВ“ со кавадаречки регистерски ознаки удрил во бетонска ограда, при што со тешки телесни повреди се здобиле возачот на автомобилот и двајцата сопатници од село Сирково на возраст од 17 и 20 години.

Трите повредени лица биле пренесени во Ургентниот клинички центар Скопје, каде возачот Благоја Д. (22) од село Сирково им подлегнал на повредите, изјави Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес.

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести