Едeн загинат и седум повредени во судир на минибус и автомобил

Едно лице го загубило животот, а седум патници  се повредени во директен судир на автомобил и минибус на транспортната компанија „Галеб“.

Во тешката сообраќајна несреќа што се случи денеска околу 11 часот на стариот пат Охрид-Струга, кај селото Подмоље, со полесни повреди се здобиле седум лица кои се превезувале со минибусот. Тие се пренесени во специјалната болница „Св. Еразмо“ и во општата болница во Охрид, а најголемиот дел од нив по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување.

Како што соопшти СВР Охрид, сообраќајната незгода се случила во момент кога патничкото моторно возило кое се движело во правец од Струга кон Охрид, преминало на спротивната коловозна лента и директно се судрило со минибусот, кој се движел во спротивен правец.

Од силината на ударот починала Ардие И.(26) која го управувала патничкото возило „Голф“.

На местото на несреќата извршен е увид во присуство на јавен обвинител од основниот суд во Охрид. За време на увидот возилата беа пренасочувани oд стариот кон новиот регионален пат Охрид – Струга.

 

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести